За нас


Испитниот центар „АсСтрумекс“ ДОО Струмица започна со работа од 27.08.2008 год. со Решение за издавање Лиценца за испитен центар бр. 13.1-50836/1 од Министерството за внатрешни работи, за организирање и спроведување на возачки испити за кандидати за возачи и проверка на знаењата на возачи-инструктори - на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно општините Струмица, Босилово, Ново Село, Василево, Гевгелија, Стар Дојран, Богданци, Радовиш, Конче и Валандово.

Седиштето на испитниот центар е во Струмица на улица „Гоце Делчев“ бр.107.

Согласно со чл.61 од измените и дополнувањата на Правилникот за спроведување на возачки испит Сл.весник на РМ бр.150 од 2007 кандидатите со постојано место на живеење-престојувалиште, односно со привремено престојувалиште во последните шест месеци од подрачјето на СВР-Струмица, возачкиот испит може да го полагаат во седиштето на испитниот центар, односно во неговите подружници Гевгелија ул. “7-ми Ноември“ бр.58, Радовиш ул. „Маршал Тито“ бр.1 и Валандово ул. „Првомајска“ б.б.

Согласно со одредбите од ЗБСП Сл.весник на РМ бр.103 од 03.05.2007 год. Испитниот центар во Струмица располага со три испитни комисии за испитување на кандидатите за возачи од сите категории и поткатегории и една комисија за проверка на знаењата на возачите инструктори.

Испитните комисии се формираат половина час пред термините во кои е закажан возачкиот испит со компетентни и законски искусни претседатели и испитувачи во комисии по предметните категории за кои се спроведува возачкиот испит.

Распоред за полагање

Резултати од полагање

Годишна статистика